Макрон: Порастот на насилството во подрачјето на Идлиб загрижува

Макрон во својата објава преку социјалната медија напиша: „Порастот на насилството во подрачјето на Идлиб загрижува. Во воздушните напади кои што ги реализираа режимот и неговите сојузници во последните денови и врз болниците, загинаа голем број цивили.“

1196974
Макрон: Порастот на насилството во подрачјето на Идлиб загрижува

Францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека воздушните напади во подрачјето на градот Идлиб во Сирија кои што стануваат причина за смртта и ранувањето на стотици цивили, како и за иселување од своите домови на повеќе од 150 илјади лица се „загрижувачки“.

Макрон во својата објава преку социјалната медија напиша: „Порастот на насилството во подрачјето на Идлиб загрижува. Во воздушните напади кои што ги реализираа режимот и неговите сојузници во последните денови и врз болниците, загинаа голем број цивили.“

Велејќи дека хуманитарната состојба во Сирија е критична и дека не може да се прифати никаква воена опција, Макрон напомена дека посакуваат да престане насилството и дека ги поддржуваат Обединетите нации (ОН) за изнаоѓање на политичко решение.

Инаку, и покрај постигнатата спогодба на 17 септември 2018 година помеѓу Турција и Русија за зацврстување на прекинот на огнот, режимските сили ги продолжуваат нападите врз „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“.

Во реализираните напади во последните 5 дена врз цивилните населени места во границите на зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб загинаа најмалку 71 цивил.



Слични вести