Во синоќешните напади во Идлиб во Сирија загинаа 8 цивили

Екипите за цивилна одбрана ги продолжуваат активностите за пребарување и спасување под жестоко бомбардирање и се стравува од сголемување на бројот на загинатите и ранетите во нападите

1196619
Во синоќешните напади во Идлиб во Сирија загинаа 8 цивили
idlib saldiri.jpg
idlib saldiri.jpg

Во реализираните воздушни и копнени напади синоќа во доцните часови врз населените места во границите на „Зоната за намалување на затегнатоста во идлиб“ во Сирија загинаа 8 цивили.

Силите на Асадовиот режим и неговите поддржувачи од синоќа, во доцните часови реалзиираат жестоки воздушни и копнени напади на северните и западните рурални подрачја на градот Хама, на југоисточниот и југозападниот дел на Идлиб и на западните рурални подрачја на Алепо.

Опозициската опсерваторија за авиони во објавеното соопштение на својата сметка на социјалните медиуми во врска со реализираниот воздушен напад на селата Кефер Наха, Захрет Ел Мадаин и Ум Ен Нејир ја сподели следната информација: „Од базата Химејмим во Латакија полетаа руски воени авиони.“

Екипите за цивилна одбрана ги продолжуваат активностите за пребарување и спасување под жестоко бомбардирање и се стравува од зголемување на бројот на загинатите и ранетите во нападите.

По нападите продолжуваат да се иселуваат и цивилите кои живеат во овие области. Голем број цивили се засолнуваат во камповите во Атме, Дејр Хасан Ках и Кефер Лусин, наспроти населеното место Рејханли кај градот Хатај во Турција.

Во нападите реализирани во последните 5 дена врз цивилните населени места во границите на „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“ загинаа најмалку 71 цивил.

Во извештајот на Сириската мрежа за човекови права (СНХР) за месец април, во нападите на Асадовиот режим загинаа 127 цивили, а во воздушните напади на Русија 13 цивили.

 



Слични вести