Во напад на Талибан во Авганистан загинаа 8 полицајци

Членови на терористичката организација Талибан извршија напад на една полициска станица во североисточниот дел на Авганистан во кој загинаа 8 припадници на полицијата

1196606
Во напад на Талибан во Авганистан загинаа 8 полицајци

Во реализиран напад од страна на членови на терористичката организација Талибан на една полициска станица во североисточниот дел на Авганистан загинаа 8 припадници на полицијата.

Портпаролот на Губернијата Тахар Мухамед Џевад Хиџри истакна дека по нападот на терористите на полициската станица во населеното место Хоџа Бахаддин во областа Чарсиха дошло до вооружена престрелка.

Во вооружената престрелка загинале 8 мина припадници на авганистанските полициски сили и откако во областа пристигнале дополнителни единици нападот на терористите бил одбиен.



Слични вести