Во воздушните напади на силите на Асадовиот режим во Идлиб загинаа 10 цивили од кои 2 деца и 4 жени

Според извори за Цивилна одбрана (Белите Беретки), во воздушните напади кои што почнаа да се реализираат почнувајќи од синоќа од доцните часови загинаа вкупно 10 цивили од кои 4 во селото Урејниб, 4 во Руб-у Ел Џуз и 2 во селото Шинан во Идлиб

1195831
Во воздушните напади на силите на Асадовиот режим во Идлиб загинаа 10 цивили од кои 2 деца и 4 жени

Во реализираните воздушни и копнени напади врз населените места во границите на „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“ во Сирија животот го загубија вкупно 10 лица од кои две деца и четири жени.

Силите на режимот на Бешар Асад и неговите поддржувачи почнувајќи од синоќа од доцните часови реализираат жестоки воздушни и копнени напади врз населените места Морик, Латамине, Кефер Зифа и Кифренбуде, месноста Мадик Калеси, селата Зејзун, Ел Инкави, Ел Хувејз, Ел Хувејџе, Ел Хаваш, Тел Ес Сахир и Ел Зекат во северното и западното рурално подрачје на градот Хама, како и населеното место Кифренбил и селата Ел Хабит, Хас, Ел Книде, Урејнибе, Шинан и Руб-у ел Џуз во јужниот и југозападниот дел на градот Идлиб.

Според извори за Цивилна одбрана (Белите Беретки), во воздушните напади кои што почнаа да се реализираат почнувајќи од синоќа од доцните часови загинаа вкупно 10 цивили од кои 4 во селото Урејниб, 4 во Руб-у Ел Џуз и 2 во селото Шинан во подрачјето на Идлиб.

Цивилната одбрана соопшти дека двајца од загинатите се деца, а 4 жени.

Екипите за цивилна одбрана под жестокото бомбардирање ги продолжуваат активностите за пребарување и спасување.

Опозициската опсерватори за авиони во соопштението на својата сметка на социјалната мрежа во врска со воздушните напади кои што се реализирани на селата Руб-у Ел Џуз и Шинан ја сподели информацијата дека од базата Химејмим во Латакија полетале руски воени авиони.

По нападите продолжуваат да се иселуваат и цивилите кои живеат во овие области.

Голем број цивили се засолнуваат во камповите во Атме, Дејр Хасан Ках и Кефер Лусин наспроти населеното место Рејханли кај градот Хатај.

Во нападите реализирани во последните 4 дена врз цивилните населени места во границите на „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“ загинаа најмалку 59 цивили.

Во извештајот на Сириската мрежа за човекови права (СНХР) за месец април, во нападите на Асадовиот режим загинаа 127 цивили, а во воздушните напади на Русија 13 цивили.

Режимските сили продолжуваат со нападите и покрај потпишаната спогодба помеѓу Турција и Русија на 17 септември 2018 година во Сочи, за зацврстување на прекинот на огнот во ова подрачје.

Во рамките на Договорите од Астана, Русија како гаранторска земја на Асадовиот режим е обврзана да ги спречи режимските напади.

 



Слични вести