Во напад на Талибан на воена станица во Авганистан загинаа 20 војници

Потпретседателот на градскиот совет на Фарах Абдул Самад Салихи изјави за печатот дека во извршениот напад од страна на членови на Талибан на една воена станица во провинцијата Фарах во западниот дел на Авганистан загинале 20 војници

1196044
Во напад на Талибан на воена станица во Авганистан загинаа 20 војници

Во реализиран напад од страна на членови на Талибан во западниот дел на Авганистан загинаа 20 војници.

Авганистанското министерство за одбрана соопшти дека членови на Талибан извршиле напад на една воена станица во областа Туб-у Чегаб во населеното место Ѓулистан во провинцијата Фарах и дека во нападот имало загинати војници.

Потпретседателот на градскиот совет на Фарах Абдул Самад Салихи изјави за печатот дека во извршениот напад загинале 20 авганистански војници.

Во објавеното соопштение од страна на Талибан пак, се тврди дека во нападот загинале 25 војници.

 

 



Слични вести