Во израелските напади врз Газа на крајот од неделата загинаа 25 Палестинци, а 150 беа ранети

На крајот од неделата Израел реализираше воздушни напади врз 350 цели во Газа, за кои тврдеше дека им припаѓаат на Хамас и Исламски Џихад во кои загинаа 25 Палестинци меѓу кои се наоѓаат и 3 жени од кои 2 бремени и 2 бебиња, а 150 Палестинци беа ранети

1195950
Во израелските напади врз Газа на крајот од неделата загинаа 25 Палестинци, а 150 беа ранети

Во Појасот Газа кој долги години се наоѓа под блокада и кој на крајот на неделата беше цел на жестоко воздушно бомбардирање од страна на израелската армија, по постигнатиот прекин на огнот меѓу палестинските групи и Израел во утринските часови, сега владее тишина.

По пекинот на огнот за кој што беше соопштено дека стапи во сила во 04:30 часот по локално време, до моментов не е евидентиран било каков напад.

На крајот од неделата Израел реализираше воздушни напади врз 350 цели во различни делови на Газа, за кои тврдеше дека им припаѓаат на Хамас и Исламски Џихад.

Во овие напади загинаа 25 Палестинци меѓу кои се наоѓаат и 3 жени од кои 2 бремени и 2 бебиња, а 150 Палестаинци беа ранети.

Властите во Тел Авив пак, соопштија дека од Газа врз Израел биле истрелани 690 ракети и дека најмалку 240 од нив биле уништени од страна на противвоздушно одбранбениот систем „Железната купола“. 

Како што се истакнува, поради истреланите ракети од Газа на страната на Израел загинале 4 лица, а 130 лица биле ранети.

Исто така се вели дека меѓу ранетите имало и лица кои се обратиле до болница поради паника и страв.



Слични вести