Руски патнички авион при итно слетување на аеродромот Шереметјево почна да гори: Загинаа 41 лице

Според руската новинска агенција "ТАСС", во авионот се наоѓаа 73 патници и 5 мина членови на екипажот од кои животот го загубија 41 лице

1195384
Руски патнички авион при итно слетување на аеродромот Шереметјево почна да гори: Загинаа 41 лице

Во пожарот што избувна при итно слетување на патнички авион на аеродромот Шереметјево во главниот град на Русија, Москва, животот го загубија 41 патник.

Според вестите објавени во рускиот печат, патничкиот авион од типот Сухој Суперџет-100 во сопственост на руската авиокомпанија Аерофлот кој што полетал од аеродромот Шереметјево и летал на линијата Москва-Мурманск, кусо време потоа се вратил за итно слетување.

Во моментот на приземјување на пистата избувна пожар во задниот дел на авионот, додека патниците беа евакуирани од авионот.

Според руската новинска агенција "ТАСС", во авионот се наоѓаа 73 патници и 5 мина членови на екипажот од кои животот го загубија 41 лице. 

Во врска со несреќата е започната истрага.



Слични вести