Патнички авион во Русија излета од пистата

Во авионот Боинг 737 на авиокомпанијата НордСтар се наоѓаа 100 патници и нема загинати или повредени во несреќата

1195790
Патнички авион во Русија излета од пистата

Патничкиот авион откако слета на аеродромот во градот Норилск во областа Краснојарск крај во Русија, излета од пистата.

Според веста на руските медиуми, авионот кој патуваше на релација од Кранојарск-Норилск откако слета на пистата, излета од истата.

Во авионот Боинг 737 на авиокомпанијата НордСтар се наоѓаа 100 патници и нема загинати или повредени во несреќата.

Вчера, патничкиот авион кој требаше да лета на релација Москва-Мурманск, кратко време по полетувањето поради дефект беше принуден да се врати на аеродромот Шереметјево. За време на слетувањето авионот го зафати пожар. Во несреќата загинаа 41 лице.



Слични вести