Иран ќе спроведе квота за бензинот

Литар бензин во Иран ќе се продава по цена од 1000 тумани и со картички за бензин

1195878
Иран ќе спроведе квота за бензинот

Иран ќе спроведе квота за бензинот

Портпаролот на претседателството на Собранието на Иран Бехруз Нимети рече дека бензинот чиј литар ќе изнесува илјада тумани ќе се продава со картичка за гориво.

Нимети во изјавата за Иранската државна телевизија рече дека на денешната седница на Собранието беше усвоена одлука да не се зголеми цената на бензинот, но за да се спречи криумчарењето, државата ќе почне со спроведување картичка за гориво.

Портпаролот на Собранието рече дека Владата во претстојните денови ќе објави соопштение кое ќе содржи пошироки информации за начинот на спроведувањето на картичките.

Минатата недела некои новински агенции во Иран најавија дека државата ќе премине кон продажба на бензинот со картички за бензин и дека едно лице во текот на еден месец не ќе може да купи повеќе од 600 литри. Еден литар бензин со картичките ќе се продава по цена од илјада тумани. Оние кои што сакаат да купат повеќе од 60 литри месечно, за еден литар ќе платат 2 500 тумани. Со објавувањето на оваа и информациите за поскапувањето на бензинот и воведување квоти, граѓаните формираа долги редици пред бензинските пумпи.



Слични вести