Телефонски разговор меѓу Путин и Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп разговараа телефонски за ситуацијата во Венецуела, Северна Кореја и Украина, како и за билатералните односи меѓу двете земји

1194820
Телефонски разговор меѓу Путин и Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп остварија телефонски разговор. 

Двајцата лидери разговараа за Венецуела, Северна Кореја, Украина и билатералните односи.

Во објавеното соопштение од прес центарот на Кремљ се истакнува дека Путин и Трамп водеа телефонски разговор кој траеше 1,5 часа.

И се одделува место на информацијата дека во разговорот посветен на ситуацијата во Венецуела, Путин нагласил дека само народот во оваа земја може да ја определи сопствената иднина.

Путин рекол дека интервенцијата во внатрешните работи на Венецуела или промената на власта во оваа земја со сила ќе нанесе удар на надежта за изнаоѓање на политичко решение за кризата.

Во телефонскиот разговор, Путин го информирал Трамп во врска со остварената средба минатата недела со севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун и упатил повик за олеснување на притисокот со санкции врз властите во Пјонгјанг кои ги фрлаат чекорите кои што им се паѓаат.

Според соопштението од Кремљ, двајцата лидери разговарале и за случувањата по одржаните претседателски избори во Украина. 

Притоа руската страна застанала во одбрана на потребата од фрлање на вистински чекори по прашањето на применување на Договорот од Минск од страна на властите во Киев.

Во телефонскиот разговор станало збор и за билатералните односи и притоа била потврдена потребата од фрлање на чекори за повторното доведување во ефикасна состојба на обостраните контакти во различни сфери.

Од друга страна, портпаролката на Белата куќа Сарах Сандерс во дадената изјава во врска со телефонскиот разговор истакна дека двајцата лидери се консултирале за можноста од постигнување нов договор за нуклеарно разоружување (денуклеаризација).

Освен тоа во телефонскиот разговор Трамп ја повлекол потребата од промена на власта во Венецуела по мирољубиви патишта.



Слични вести