Опозицијата во Венецуела утре повторно ќе излезе на улица

Хуан Гуаидо кој ја добива поддршката на голем број западни и латиноамерикански земји, а поготово на САД, преку социјалната медија ја соопшти патната карта што ќе ја следи за соборување на владата на претседателот Николас Мадуро

1194449
Опозицијата во Венецуела утре повторно ќе излезе на улица

По обидот за воен удар во Венецуела на 30 април кој резултираше со неуспех и протестите на 1 мај, опозицијата во оваа земја утре (сабота) повторно ќе излезе на улица.

Опозиционерот и поранешен претседател на Националното Собрание на Венецуела Хуан Гуаидо кој ја добива поддршката на голем број западни и латиноамерикански земји, а поготово на Соединетите Американски држави (САД) преку социјалната медија ја соопшти патната карта што ќе ја следи за соборување на владата на претседателот Николас Мадуро.

Укажувајќи на обидот за воен удар кој што проба да го изврши на мостот Алтамира веднаш наспроти воздушната база Ла Карлота во главниот град Каракас заедно и со Леополдо Лопес, лидерот на „Voluntad Popular VP“ („Народната волја“) кој беше изваден од домашен затвор, истакна дека нема враќање назад од чекорите кои што ги фрла.

Гуаидо соопшти дека освен тоа што ќе се организираат постојано улични протести, ќе се одржат и штрајкови кои што ќе бидат проширени низ целата земја.

Велејќи дека своите планови за соборување на владата ќе им ги објаснат на своите приврзаници со одржување на мали состаноци денеска низ целата земја, Гуаидо информира дека утре (сабота) повторно ќе излезат на улиците.

Хуан Гуаидо нагласи дека протестите ќе се одржат во области каде што се наоѓаат значајни воени центри. 

Опозицијата во Венецуела како земја која неколку месеци поминува низ голема политичка криза, на 30 април проба да изврши воен удар, но овој нејзин обид резултираше со неуспех.



Слични вести