Конгресменката Илхан Омар: Ситуацијата во Венецуела е очајна и Трамп ја влошува уште повеќе

Илхан Омар, првата конгресменка муслиманка со хиџаб, во врска со обидот за воен удар во Венецуела покажа реакција со зборовите „Ситуацијата во Венецуела е очајна и (претседателот Доналд) Трамп ја влошува уште повеќе“

1194123
Конгресменката Илхан Омар: Ситуацијата во Венецуела е очајна и Трамп ја влошува уште повеќе

Првата муслиманка со хиџаб членка во американскиот Конгрес Илхан Омар сподели објава на социјалната мрежа Твитер во која покажа реакција против обидот за воен удар во Венецуела.

Омар во својата објава напиша: „Ситуацијата во Венецуела е очајна и (претседателот Доналд) Трамп ја влошува уште повеќе. Треба да ја поддржуваме дипломатијата, а не војната.“

Велејќи дека САД исто како и во нивните претходни интервенции противниците на војната ги класифицира како „поддржувачи на диктаторот„ и „противници на слободата“, Илхан Омар рече: „Овој текст на театар го видовме во Ирак. Ситуацијата во Венецуела е очајна и Трамп уште повеќе ја влошува. Треба да ја поддржуваме дипломатијата, а не војната.“

Обидот за воен удар во Венецуела

Претседателот на Националното Собрание на Венецуела Хуан Гуаидо кој на 23 јануари себе си се прогласи за „претседател на државата“, со видео-снимката од 3 минути која што ја сподели преку социјалната мрежа Твитер, ги повика народот и војниците да излезат на улица. 

Министерот за одбрана на Венецуела Владимир Падрино Лопес пак, во објавата споделена исто така на Тивтер истакна дека ќе се спротивстават на обидот за воен удар и рече: „Ние како вооружени сили се заколнавме дека ќе го одбраниме уставниот поредок. Ние сме во готовс пред предавничкиот обид за пуч. Не станува збор за одредена било каква невообичаена состојба во воените единици, сите (војници) се под наредба на своите команданти.“

Од друга страна, американската администрација објави соопштенија со целосна поддршка на Хуан Гуаидо и неговите приврзаници.



Слични вести