ЕУ ги осуди воздушните напади на Асадовиот режим и неговите поддржувачи врз Идлиб

Во соопштението на Европската унија (ЕУ) се вели: „Цивилното население во подрачјето кое долго време како трпи длабоки болки не може повеќе да го трпи овој ризик“

1194645
ЕУ ги осуди воздушните напади на Асадовиот режим и неговите поддржувачи врз Идлиб

Европската унија (ЕУ) во врска со воздушните напади на режимот на Бешар Асад и неговите поддржувачи во Сирија, во подрачјето на градот Идлиб ја изнесе следната констатација: „Цивилното население во подрачјето кое долго време како трпи длабоки болки не може повеќе да го трпи овој ризик.“

Во објавеното соопшштение од портпаролството на Комисијата на Европската унија се истакнува дека засилените воздушни напади во последните денови и недели врз подрачјето на градот Идлиб и северниот дел на градот Хама, повторно ја зголемуваат тензијата.

Во соопштението се вели дека „Цивилното население во подрачјето кое долго време како трпи длабоки болки не може повеќе да го трпи овој ризик.“

Се нагласува дека страните треба да и придадат приоритет на одбраната на цивилите во подрачјето на градот Идлиб, а исто така се укажува и на значењето од непрестано доставување на хуманитарната помош.

Во соопштението воедно се подвлекува дека воздушните напади врз подрачјето на градот Идлиб ги доведува во опасност животите на повеќе од 3 милиони цивили.

Инаку, режимот на Бешар Асад и неговите поддржувачи во Сирија продолжуваат да реалзиираат интензивни воздушни и копнени напади врз цивилните населени места во границите на „зоната за намалување на затегнатоста во подрачјето на градот Идлиб“.



Слични вести