Патрик Шанахан: Ситуацијата во Венецуела се следи одблизу и се уште сите опции се наоѓаат на маса

Вршителот на должноста американски секретар за одбрана Патрик Шанахан истакна дека се следи одблизу ситуацијата во Венецуела и дека се уште сите опции се наоѓаат на маса.

1193388
Патрик Шанахан: Ситуацијата во Венецуела се следи одблизу и се уште сите опции се наоѓаат на маса

Вршителот на должноста американски секретар за одбрана Патрик Шанахан заедно и со началникот на Здружениот генералштаб на Вооружените сили на САД генерал Џозеф Данфорд и потсекретарот на секретаријатот за одбрана Дејвид Норгуист, учествуваше на седницата на Претставничкиот дом.

Овде Шанахан во врска со опцијата за воена интервенција во Венецуела рече: "Подготвивме детален план за да не дојде до одредено сценарио кое би се појавило поради одредена неочекувана состојба."

Одговарајќи на едно прашање во однос на обидот за воен удар во Венецуела, Патрик Шанахан го рече следното: „По ова прашање работиме со сеопфатен владин приод и кога се вели дека сите опции се на маса, навистина се на маса. Меѓутоа ние колку што е можно работиме на применување на дипломатски и економски притисок.“

Шанахан привлече внимание дека ја следат одблизу ситуацијата во Венецуела и дека условите се доста променливи.

"Во Венецуела има и Кубанци, Руси и други димензии. Се не се гледа на медиумите или на другите канали. Тоа не е календар под наша контрола. Треба да ги промениме нашите тактики и да одговориме во извесна мера, а со цел да би обезбедиле предност пред одредена состојба која што би се појавила. Подготвивме детален план за да не дојде до одредено сценарио кое би се појавило поради одредена неочекувана состојба."

Инаку, вршителот на должноста американски секретар за одбрана Патрик Шанахан поради случувањата во Венецуела ја откажа својата планираната посета на Европа.

Началникот на Здружениот генералштаб на Вооружените сили на САД генерал Џозеф Данфорд пак, истакна дека ја следат одблизу ситуацијата во Венецуела и повтори дека се наоѓаат на маса сите опции.

Претседателот на Националното Собрание на Венецуела Хуан Гуаидо кој на 23 јануари себе си се прогласи за „претседател на државата“, со видео-снимката од 3 минути која што во петокот ја сподели преку социјалната мрежа Твитер, ги повика народот и војниците да излезат на улица. 

Министерот за одбрана на Венецуела Владимир Падрино Лопес пак, во објавата споделена исто така на Тивтер истакна дека ќе се спротивстават на обидот за воен удар и рече: „Ние како вооружени сили се заколнавме дека ќе го одбраниме уставниот поредок. Ние сме во готовс пред предавничкиот обид за пуч. Не станува збор за одредена било каква невообичаена состојба во воените единици, сите (војници) се под наредба на своите команданти.“

Од друга страна, американската администрација објави соопштенија со целосна поддршка на Хуан Гуаидо и неговите приврзаници.



Слични вести