Николас Мадуро: Обидот за воен удар беше испланиран лично од страна на САД

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро истакна дека извршениот обид за воен удар во неговата земја беше испланиран лично од страна на САД и рече: „Беше управуван лично од страна на Белата куќа, од (Советникот за национална безбедност) Џон Болтон.“

1193580
Николас Мадуро: Обидот за воен удар беше испланиран лично од страна на САД

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро говореше на прославата што се одржа по повод 1 мај Денот на трудот и солидарноста, на булеварот Сукле наспроти претседателскиот дворец Мирафлорес, во главниот град Каракас.

Мадуро истакна дека извршениот обид за воен удар во неговата земја беше испланиран лично од страна на САД и рече: „Беше управуван лично од страна на Белата куќа, од (Советникот за национална безбедност) Џон Болтон.“ 

Велејќи дека на годинашните прослави на 1 мај Денот на трудот и солидарноста учествуваат прилично голем број граѓани, Николас Мадуро рече: „Мои браќа работници, на 1 мај на денот на јуначката работничка класа е задушен уште еден нов обид за пуч. Оваа манифестација која што се одржува на 1 мај, покажува дека венецуелскиот народ по секоја цена ќе ги брани својата татковина и својата револуција. Не можеа да го соборат командантот (поранешниот претседател Хуго) Чавез, а не можеа и не ќе можат да не соборат и нас.“

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро напомена дека во обидот за воен удар во неговата земја се вмешани САД и го додаде следното: „Еден европски весник вчера напиша дека Доналд Трамп и Џон Болтон координираа со сите операции на воениот удар. Ги побарале владите на Чиле, Бразил, Аргентина и Колумбија и ја побарале нивната поддршка. Обидот за воен удар беше управуван лично од страна на Белата куќа, од страна на Џон Болтон.“

Мадуро исто така истакна дека не ја одразуваат вистината изјавите од страна на Соединетите Американски Држави (САД) околу тоа дека „Тој биле подготвен да ја напушти земјата, но дека Русите во последен момент го убедиле да остане“.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро воедно додаде дека ќе биде ставен во примена национален план за промена, а како што рече за ислушување на жалбите и предлозите на народот.



Слични вести