Американскиот државен секретар Мајк Помпео на турнеја по неколку европски земји

Портпаролката на американскиот државен секретаријат (Стејт департментот) Морган Ортагус објави писмено соопштение во врска со турнејата на државниот секретар по неколку земји во Европа

1193710
Американскиот државен секретар Мајк Помпео на турнеја по неколку европски земји

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во рамките на билатералните односи и регионалните интереси ќе посети неколку европски земји.

Портпаролката на американскиот државен секретаријат (Стејт департментот) Морган Ортагус објави писмено соопштение во врска со турнејата на државниот секретар по Европа.

Ортагус информира дека Помпео најпрвин на 6 мај ќе отпатува за Финска каде што ќе учествува на 11. Министерски состанок на Арктичкиот совет, а потоа ќе замине за Берлин каде што ќе се состане со германската канцеларка Ангела Меркел и со министерот за надворешни работи Хеико Мас.

Во соопштението се вели дека на средбата на државниот секретар Мајк Помпео со германската канцеларка Ангела Меркел на 7 мај ќе стане збор за заедничките грижи како оние во однос на Украина, Русија, Кина, Сирија и Западен Балкан.

Од друга страна се вели дека Помпео на 8 мај ќе отпатува за Лондон каде што ќе има се состане со британската премиерка Тереза Меј и министерот за надворешни работи Џереми Хант со кои ќе оствари разговари по прашањата на глобалните приоритети и билатералните односи.

Според истото соопштение, на 9 мај, последниот ден од оваа негова европска турнеја Помпео ќе замине за Гренланд, каде што ќе оствари средби со премиерот на Гренланд Ким Киелсен, министерката за надворешни работи Ане Лон Багер и министерот за надворешни работи на Данска Андерс Самуелсен.

На средбите ќе се разговара во врска со прашања како што се  заедничките приоритети на Северниот Пол и за уште поголема соработка со Гренланд.

 



Слични вести