Заедничка поморска воена вежба на Иран и Русија

Соработката меѓу морнариците на Иран и Русија претежно ќе продолжи во сферата на обуката, техничките и оперативни прашања

1192585
Заедничка поморска воена вежба на Иран и Русија

Командантот на иранските поморски сили контраадмиралот Хусејин Ханзади рече дека заедно со руските поморски сили ќе остварат воена вежба во Арапското море.

Ханзади на прес конференцијата во Техеран се осврна на некои информации за заедничката воена вежба што ќе ја остварат со руските поморски сили во Арапското море кое претставува продолжение на Индискиот Океан.

Соработката меѓу морнариците на Иран и Русија претежно ќе продолжи во сферата на обуката, техничките и оперативни прашања, рече Ханзади и додаде:

„Согласно одлуката која беше усвоена на крајот на преговорите со Русија, флотата на Руските поморски сили годинава ќе доплови до југот на Иран и заедно ќе оствариме воена вежба.“

Исто така планираме да одржиме воена вежба во рамките на состанокот на земјите кои имаат крајбрежје на Индиското море.

„Меѓународните води припаѓаат на сите земји во светот и сите овие води можат да ги употребуваат за мировни цели. На иранските нафтени танкери сметаме како на дел од нашата земја. Затоа иранската морнарица ќе ги брани овие танкери“ рече Ханзади.



Слични вести