Путин го свика Советот за безбедност на итен состанок во врска со ситуацијата во Венецуела

Според објавеното соопштение од Кремљ, Путин на состанокот на Советот за безбедност разменил мислења во врска со ситуацијата во Венецуела од каде што пристигнуваат вести за извршен обид за воен удар од страна на група војници предводени од Гуаидо

1192844
Путин го свика Советот за безбедност на итен состанок во врска со ситуацијата во Венецуела

Рускиот претседател Владимир Путин го свика Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) на итен состанок во врска со ситуацијата во Венецуела.

Според објавеното соопштение од Кремљ, Путин на состанокот на Советот за безбедност разменил мислења во врска со ситуацијата во Венецуела.

Освен тоа, рускиот претседател Владимир Путин ги информирал членовите на Советот и во врска со неговата неодамнешна средба со лидерот на Северна Кореја ким Јонг-ун, како и остварените средби во Кина.

Инаку, претседателот на Собранието самопрогласениот претседател во Венецуела Хуан Гуаидо утрово со видео-снимка од 3 минути која ја сподели преку социјалната мрежа Твитер ги повика народот и војниците да излезат на улица.

Гуаидо, видео-снимката снимена со група војници околу себе во близина на воздушната база Ла Карлота во главниот град Каракас, ја објави на својата сметка на Твитер.

На видео-снимката од 3 минути се гледа како Гуаидо стои пред едно оклопно возило со група војници и опозицискиот активист Леополдо Лопес, кој инаку се наоѓа во домашен затвор, и притоа ги поканува војници да излезат на улица за одбрана на Уставот.

Гуаидо рече: „Ве повикувам да преминете во акција за да ја кренете наново на нозе демократијата во земјата. Веќе дојде време.“

Воедно беше истакнато дека некои воени единици ги блокирале патиштата и по некои улици во главниот град на Венецуела, Каракас, се движеле воени возила.

Министерот за одбрана на Венецуела Владимир Падрино Лопес пак истакна дека ќе се спротивстават на обидот за воен удар и рече: „Ние како вооружени сили се заколнавме дека ќе го одбраниме уставниот поредок. Ние сме во готовс пред предавничкиот обид за пуч. Не станува збор за одредена било каква невообичаена состојба во воените единици, сите (војници) се под наредба на своите команданти.“

 



Слични вести