Шведска поносна од одлуката за признавање на Палестина како независна држава во 2014 година

Министерката за надворешни работи на Шведска Маргот Валстром истакна дека е поносна поради донесената одлука од страна на нејзината влада во 2014 година за признавање на Палестина како независна држава

1191992
Шведска поносна од одлуката за признавање на Палестина како независна држава во 2014 година

Министерката за надворешни работи на Шведска Маргот Валстром во дадената изјава за државната телевизија “СВТ“ ја изнесе радоста поради она што го направи нејзината земја за Палестина и истакна дека е поносна поради донесената одлука од страна на нејзината влада во 2014 година за признавање на Палестина како независна држава.

Велејќи дека нејзината влада никако не се кае поради тоа што ја призна Палестина како независна држава, Валстром рече: „Поносна сум од одлуката што ја донесовме како влада за признавање на Палестина како независна држава во 2014 година.“

Таа подвлече дека ќе продолжат да ја поддржуваат Палестина и продолжи со следните зборови: „Откако ние во 2014 година донесовме одлука за признавање на Палестина нас не следеа и голем број земји. Тоа пак го покажува тоа дека сме ја пизнале Палестина во правилно време. Ќе продолжиме да ја поддржуваме Палестина.“

Потсетувајќи дека поради овие нејзини политики, Израел покажа остра реакција против Шведска, шведската министерка за надворешни работи Маргот Валстром рече: „И покрај тоа што ми велат да не доаѓам во Израел, помеѓу Израел и Шведска продолжува да се води дијалог за решавање на проблемите.“



Слични вести