Приврзаници на терористичката ПКК насилно упаднаа во канцеларијата на „Амнести интернешнл“ во Лондон

Во објавеното писмено соопштение од Меѓународната организација „Амнести интернешнл“ се истакнува дека ноќта во петокот приближно 40 приврзаници на терористичката ПКК влегле насилно и ја окупирале канцеларијата на организацијата во Лондон

1192065
Приврзаници на терористичката ПКК насилно упаднаа во канцеларијата на „Амнести интернешнл“ во Лондон

Меѓународната организација „Амнести интернешнл“ (Amnesty International) соопшти дека приврзаници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК влегле насилно и ја окупирале канцеларијата на организацијата во главниот град на Англија, Лондон.

Во објавеното писмено соопштение од „Амнести интернешнл“ се истакнува дека во случајот ноќта во петокот приближно 40 приврзаници на терористичката ПКК влегле насилно во канцеларијата на организацијата во Лондон.

Во соопштението се вели дека приврзаниците на терористичката организација собориле еден припадник на обезбедувањето кој паднал на земјата и притоа бил газен од толпата, по што на местото на настанот била повикана полиција која со употреба на сила ги притворила окупаторите, приврзаници на ПКК.

Инаку, приврзаниците на сепаратистичко-терористичката организација ПКК минатата недела се обидоа да упаднат и да ја окупираат и зградата на претставништвото на ТРТ Ворлд (телевизиски канал на Турската радио и телевизија ТРТ кој емитува на англиски јазик) во Лондон.

Притоа приврзаниците на организацијата кои не можеа да го поминат обезбедувањето, за кусо време го окупираа лобито, а потоа беа истерани од страна на полицијата која дојде на местото на настанот. 

ПКК се наоѓа во списокот на терористички организации во Англија, меѓутоа се согледува дека англиската полиција покажува толеранција кон приврзаниците на оваа сепаратистичко-терористичка организација.

Според Законот за борба против тероризмот во Англија, претставува кривично дело да се носат знаци и обележја на една организација која се наоѓа во списокот на терористички организации.

Исто така и членовите на овие терористички организации во оваа земја, можат да се казнат со затворска казна во трање до 10 години.



Слични вести