Интервју на Џорџ Фридман за „ТРТ ворлд“

Турција е земја која во текот на целата историја има големо влијание

1192143
Интервју на Џорџ Фридман за „ТРТ ворлд“

Американскиот стратег и политиколог Џорџ Фридман воедно основач на „Geopolitical Futures“ рече дека „без Турција не може да се изврши операција во регионот“.

Фридман даде интервју за ТВ-каналот на Турската радио и телевизија (ТРТ) на англиски јазик „ТРТ ворлд“.

Фридман во интервјуто подвлече дека „Турција е земја која во текот на целата историја има големо влијание. Гледајќи на случувањата во Сирија и другите региони можеме да кажеме дека Турција секогаш ја зазеде својата позиција. Тоа не е лесна работа. Светот треба да сфати дека се додека сериозно не се насочиме кон Турција, не можеме лесно да извршиме операција во овој регион.

Турција со текот на времето го зголеми своето влијание и на Балканот. Од досегашните активности имаме можност да увидиме дека турската дипломатија го зголеми своето влијание и во Источна Европа и другите региони. Турција е значајна сила и мислам дека оваа сила на Турција е во постојан подем“, рече Фридман.

Од друга страна пак, поттикнувањето на национализмот во Европа претставува последица на политиките на ЕУ, рече Фридман и додаде:

„Европската визија на ЕУ беше изнесување европски идентитет. Секако дека остварувањето на оваа визија е невозможно. Бидејќи историјата, јазиците и другите карактеристики на европските народи не личат еден на друг.“

„Голем број европски земји не сакаат да трошат пари за НАТО“ рече Фридман потенцирајќи дека „овој став од страна на американскиот претседател Доналд Трамп беше сфатен како неизвршување на обврските на Европејците кон НАТО“.

Фридман ЕУ ја третира за болен човек.

„Велика Британија како најголема втора економија на ЕУ се обидува да се одвои во унијата и јасно може да се увиди дека ЕУ се плаши од овој потег. Бидејќи преовладува мислењето дека ако втората најголема економија го напушта бродот, тогаш и другите земји ќе го сторат истото“ рече Фридман.



Слични вести