Продолжува тензичната состојба во Судан по извршениот воен удар

Продолжува затегнатоста во Судан по извршениот воен удар во оваа африканска земја

1191186
Продолжува тензичната состојба во Судан по извршениот воен удар

Преодниот воен совет на Судан и Силите на декларацијата за слобода и промена, како покрив формација на опозицијата постигнаа согласност по прашањето на формирање претседателски совет за управата за периодот на премин.

Еден функционер од  суданската опозиција истакна дека претседателскиот совет за кој станува ќе се состои од воени и цивилни претставници, но притоа не даде детални информации.

Од друга страна, демонстрантите кои упаднаа во салата каде што се одржуваше консултациониот состанок на Партијата за народен конгрес фрлаа со камења врз присутните во салата и повредија 64 партијци.

Генералниот секретар на партијата задолжен за политички односи Идрис Сулејман во дадената изјава во седиштето на партијата во главниот град Картум истакна дека група демонстранти извршиле напад со камења за време на одржување на консултациониот состанок на партијата и дека притоа беа повредени 64 членови на партијата кои биле префрлени на лекување во болница.

Сулејман рече дека Силите за брза поддршка во склопот на армијата кои интервенирале на случајот притвориле над 100 членови на партијата кои биле однесени во затворот Кубер.

Нагласувајќи дека како партија стојат настрана од насилство, дека се на страната на безбедноста и стабилноста на Судан и дека упатуваат повик за мир, правда и слобода, Идрис Сулејман напомена дека неговата партија зазеде ефикасна улога во процесот на револуцијата, дека вложуваше интензивни напори поранешниот режим да ги крене своите раце од демонстрантите и дека револуцијата им припаѓа на сите Суданци.

Силите на декларацијата за слобода и промена, како покрив формација на опозицијата, го осуди извршениот напад врз членовите на Партијата за народен конгрес.

Во објавеното писмено соопштение од формацијата се истакнува дека слободата, мирот и правдата се непроменливи принципи на револуцијата и се додава следното: "Без оглед на причината го осудуваме нападот. Го браниме правото на собирање и изразување за сите."



Слични вести