Рјабков: САД намерно го зголемуваат ризикот од нуклеарен конфликт

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков истакна дека САД намерно го зголемуваат ризикот од нуклеарен конфликт кој што ќе доведе до катастрофални последици

1190840
Рјабков: САД намерно го зголемуваат ризикот од нуклеарен конфликт

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков на одржаната прес конференција во главниот град Москва говореше за повлекувањето на Соединетите Американски Држави (САД) од Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (ИНФ).

Рјабков истакна дека Соединетите Американски Држави (САД) намерно го зголемуваат ризикот од нуклеарен конфликт кој што ќе доведе до катастрофални последици.

"Основниот избор на САД во правец на поништување на договорот, преовладеа во споредба со сите други мисли. Затоа се гледа дека договорот ќе заврши на 2 август." - рече Рјабков.

Велејќи дека Соединетите Американски Држави (САД) планираат да постават нови нуклеарни ракети во Европа, Рјабков рече: "САД намерно го зголемуваат ризикот од нуклеарен конфликт кој што ќе доведе до катастрофални последици."

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков нагласи дека се додека САД не распоредат ракети од среден дострел во Европа и неговата земја нема да го направи тоа.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео пред извесно време соопшти дека неговата земја ќе се повлече еднострано од ИНФ Договорот кој што беше потпишан со Советскиот Сојуз на 1 февруари 1987 година и со кој се  предвидува забранување на ракетите (проектилите) со дострел од 500 до 5.500 километри и на кои можат да се постават нуклеарни боеви глави.

Рускиот претседател Владимир Путин пак, ги обвини САД за прекршување на ИНФ Договорот и рече: „ И нашиот одговор ќе биде симетричен. САД соопштија дека го суспендираат Договорот, и ние го суспендираме.“

Инаку, ИНФ Договорот потпишан во 1987 година од страна на тогашните претседатели на САД Роналд Рејган и на Советскиот Сојуз Михаил Горбачов предвидува забранување на нуклеарните ракети од среден дострел копно-воздух од 500 до 5.500 километри.



Слични вести