Во воздушни напади на Асадовиот режим врз цивилни населени места во Идлиб загинаа тројца цивили

Асадовиот режим реализира нови воздушни напади врз цивилните населени места во „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“ во кои загинаа тројца цивили, а 8 цивили се ранети

1190610
Во воздушни напади на Асадовиот режим врз цивилни населени места во Идлиб загинаа тројца цивили

Во реализирани воздушни напади врз цивилни населени места кое се наоѓаат внатре во границите на „зоната за намалување на затегнатоста во подрачјето на градот Идлиб“ во Сирија, животот го загубија тројца цивили, а 8 цивили се ранети.

Додека во главниот град на Казахстан, Нурсултан продолжуваше 12'от состанок на гарантори посветен на Сирија, режимот на Бешар Асад и неговите поддржувачи реализираа копнени и воздушни напади врз цивилните населени места во „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“.

Извори за Цивилна одбрана (Белите Беретки) истакнаа дека во воздушните напади во близина на селото Кефер Авид на југот на Идлиб и на селото Тел Хаваш кај градот Хама, во границите на „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“ загинаа тројца цивили, а 8 цивили се ранети.

Авионската опсерваторија на опозиционерите исто така преку социјалната медија ја сподели информацијата во која се вели следното: „Од базата Химејмим во Латакија полетаа 3 руски воени авиони.“ 

Од друга страна, режимските сили составени од армијата на режимот и странските терористички групи поддржани од Иран со топови, минофрлачи и хаубици реализираа напади и на селата Лахаја и Бивејда во северното рурално подрачје на градот Хама и на селото Бинин на југот на Идлиб, во границите на „Зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб“.  Цел на овие напади беше еден бегалски камп и според добиени информации еден цивил е ранет.

Режимските сили не престануваат со нападите и покрај постигнатиот договор од Сочи на 17 септември 2018 година помеѓу Турција и Русија, за зацврстување на прекинот на огнот во подрачјето на градот Идлиб.

Согласно постигнатиот договор во Астана, Русија како земја гарант на Асадовиот режим, е обврзана за спречување на режимските напади.

Воените опозиционери пак, согласно потпишаниот договор на 17 септември 2018 година,  на 10 октомври 2018 година го повлекоа тешкото оружје со кое што располагаа во ова подрачје.

 



Слични вести