Бројот на загинатите во нападите во Шри Ланка од 359 поправен на 253 лица

Министерството за здравство на Шри Ланка истакна дека била направена грешка во пресметувањето на бројот на загинатите во бомбашките напади и дека бројот на жртвите изнесува 253 лица, а не 359 лица како што беше соопштено претходно

1190529
Бројот на загинатите во нападите во Шри Ланка од 359 поправен на 253 лица

Бројот на загинатите во бомбашките терористички напади реализирани за време на одржување на Велигденската миса чија цел беа 8 одделни места меѓу кои и три цркви и три хотели во Шри Ланка, од претходно соопштената бројка од 359 лица, е поправена на 253 лица.

Министерството за здравство на Шри Ланка истакна дека била направена грешка во пресметувањето на бројот на загинатите во бомбашките напади и дека бројот на жртвите изнесува 253 лица, а не 359 лица како што беше соопштено претходно.   

Надлежни соопштија дека терористот за кого се мисли оти се наоѓал на чело на извршителите на нападите бил убиен за време на нападот во хотелот Шангри-Ла во главниот град Коломбо.

Се претпоставува дека нападите биле реализирани од страна на 9 лица.

Полицијата продолжува да реализира упади и претреси, а во меѓувреме ги објави и фотографиите на 7 лица по кои се трага во врска со нападите.

Премиерот на Шри Ланка Ранил Викремесинге претходно истакна дека некои осомничени лица извршители на терористичките напади за време на Велигден се уште се надвор и предупреди за можност од реализирање на нови самоубиствени напади од страна на овие лица.   

Инаку, во неделата за време на одржување на миси по повод христијанскиот верски празник Велигден беа реализирани бомбашки терористички напади врз 3 цркви и тоа Сент Антони во градот Кочхикаде, Сент Себастијан во Катана и Мајка Богородица во Батикалоа, како и на 3 хотели со 5 ѕвездички во главниот град Коломбо и тоа Шангри-Ла, Синамон Гранд и Кингсбири.

По овие напади се случија и уште две експлозии и тоа во близина на гостилницата Дехивала и во близина на еден надземен премин во Дематого во предградијата на главниот град Коломбо .

Во сиве овие терористички напади беа ранети повеќе од 500 лица.

Одговорноста за нападите ја презеде терористичката организација ДЕАШ.



Слични вести