Во Нурсултан, во Казахстан, започнаа техничките разговори за 12-от состанок посветен на Сирија

12-от состанок посветен на Сирија започна со технички разговори во двоен и троен формат меѓу Турција, Русија и Иран, додека главните разговори ќе се остварат утре

1189613
Во Нурсултан, во Казахстан, започнаа техничките разговори за 12-от состанок посветен на Сирија

Во главниот град на Казахстан, Нурсултан, започна 12-от состанок посветен на Сирија.

Состанокот започна со технички разговори во двоен и троен формат меѓу Турција, Русија и Иран.

Во тие рамки  утрово во 08:00 часот според турско време се одржа состанок на ниво на технички разговори помеѓу делегациите на Русија и Иран.

На дневен ред на техничките разговори се најдоа прашања посветени на завршувањето на работите во врска со формирањето на Уставниот комитет и учеството на нови држави посматрачи во процесот на состанокот.  

На чело на руската делегација се наоѓа специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин, Александар Лаврентиев, а иранската делегација ја предводи асистентот на иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф, Али Ашгар Хаџи.

Турската делегација пак, ја предводи заменик министерот за надворешни работи Седат Онал.

Според објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи на Казахстан, земјата домаќин на состаноците посветени на Сирија, денеска попладне се очекува во Нурсултан да допатува и специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) Геир Педерсен. 

Главниот состанок на кој ќе учествуваат делегациите на режимот на Бешар Асад и воените опозиционери ќе се одржи утре.

На разговорите во својство на посматрачи ќе учествуваат и претставници на Јордан, Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (ИНХЦР) и на Меѓународниот Црвен Крст. 

На 12-от состанок ќе се разговара за прашања како што се ситуацијата во зоната за намалување на затегнатоста во Идлиб и во североисточниот дел на Сирија, мерките за зголемување на довербата помеѓу завојуваните страни, враќањето на бегалците, хуманитарната состојба и повторната изградба на земјата по војната.  

Инаку, разговорите во форматот од Астана под гаранторство на Турција, Русија и Иран се водат од јануари 2017 година.



Слични вести