Владата на национално единство во Либија ги пресекува патиштата за снабдување на силите на Хафтар

Единиците на Владата на национално единство ја воспоставија контролата во поголемиот дел од областите Ес-Себаи и Сук ес-Себт, на неколку километри јужно од Меѓународниот аеродром на Триполи каде што се водат жестоки судири со силите на генералот Хафтар

1189532
Владата на национално единство во Либија ги пресекува патиштата за снабдување на силите на Хафтар

Воените единици на Владата на национално единство во Либија зазедоа некои области во близина на патиштата за снабдување со логистичка и друг вид поддршка на силите на генералот Халифа Хафтар.

Во објавеното писмено соопштение од единиците на Владата на национално единство се истакнува дека е воспоставена контролата во поголемиот дел од областите Ес-Себаи и Сук ес-Себт, на неколку километри јужно од Меѓународниот аеродром на Триполи каде што се водат жестоки судири со силите на генералот Хафтар.

Во соопштението се вели дека овие наведени области, претставуваат закана од аспект на патиштата за снабдување со логистичка и друг вид поддршка на силите на Хафтар помеѓу градовите Гирјан и Терхуне и областите Каср бин Гашир и Ес-Себиа.

Особено областа Ес-Себиа се наоѓа на линијата на снабдување со логистичка и друг вид поддршка помеѓу градовите Гирјан и Терхуне.

Оттука се преминува во областа Каср бин Гашир каде што се стационирани силите на генералот Халифа Хафтар, а оттаму се преминува во местата каде што се водат судири како што се стариот аеродром, Хиле ел-Фурџан, Вади ер-Реби Ајн Зара и јужните предградија на главниот град Триполи. 

Инаку, водачот на воените сили во источниот дел на Либија генерал Халифа Хафтар на 4 април издаде наредба за заземање на главниот град Триполи, а потоа единиците на Владата на национално единство ја започнаа операцијата „Буркан ал-Гадаб“ (Вулкан на гневот).

Во Либија каде што од 2011 година не може да се реши кризата со легитимитетот, три недели како продолжуваат да се водат судири помеѓу единиците на меѓународно признатата Влада на национално единство и силите лојални на генералот Халифа Хафтар.

 

 



Слични вести