Повик од ОН до Турција и Русија за Идлиб во Сирија

Урсула Мулер истакна дека поради растечките судири во подрачјето на градот Идлиб од февруари досега животот го загубија над 200 цивили и рече: „Поради судирите во Идлиб повеќе од 120 илјади лица пребегаа во областите во близина на границата со Турција“

1189615
Повик од ОН до Турција и Русија за Идлиб во Сирија

Урсула Мулер, една од помошниците на Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес за хуманитарни прашања, истакна дека поради вооружените судири во подрачјето на градот Идлиб во Сирија повеќе од 120 илјади лица се иселени во областите во близина на границата со Турција и упати повик до гаранторските земји Русија и Турција да извршат притисок врз завојуваните страни за намалување на затегнатоста во ова подрачје.

Мулер го информираше Советот за безбедност на ОН во врска со хуманитарната состојба во Сирија и притоа напомена дека загрижува ситуацијата во подрачјето на градот Идлиб и во камповите Ал Хол и Рукбан во подрачјето под окупација на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Урсула Мулер истакна дека поради растечките судири во подрачјето на градот Идлиб од февруари досега животот го загубија над 200 цивили и рече: „Поради судирите во Идлиб повеќе од 120 илјади лица пребегаа во областите во близина на границата со Турција.“

Мулер упати повик до гаранторските земји Русија и Турција да извршат притисок врз завојуваните страни за намалување на затегнатоста во подрачјето на градот Идлиб, во Сирија.

Осврнувајќи се и на состојбата во кампот Ал Хол во градот Хасеке, под контрола на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, Мулер упати повик во најскоро време да се реши проблемот со странските борци, нивните жени и деца кои пристапиле кон ДЕАШ и кои се држат во кампот, како и овие лица да бидат примени назад во нивните земји и да им се суди во рамките на меѓународното право и да се рехабилитираат.

Урсула Мулер воедно напомена дека кампот Рукбан во последните недели го напуштиле 7 илјади лица и нагласи дека евакуирањето од овој камп треба да се реализира доброволно.



Слични вести