Бројот на загинатите во поплавите и лизгањата на земјиштето во Јужна Африка се зголеми на 70 лица

Бројот на жртвите во поплавите и лизгањата на земјиштето предизвикани од силните врнежи од дожд во Јужна Африка од 51 лице се зголеми на 70 лица и повеќе од илјада лица биле принудени да ги напуштат своите домови

1190004
Бројот на загинатите во поплавите и лизгањата на земјиштето во Јужна Африка се зголеми на 70 лица

Бројот на загинатите во поплавите и лизгањата на земјиштето предизвикани од силните врнежи од дожд во провинцијата КваЗулу-Натал во Јужн Африка се зголеми н а70 лица.

Портпаролот на министерството на провинцијата КваЗулу-Натал Ленокс Мабаса истакна дека бројот на жртвите во поплавите и лизгањата на земјиштето предизвикани од силните врнежи од дожд од 51 лице се зголеми на 70 лица.

Мабаса рече: „Поради поплавите животот го загубија 70 лица и повеќе од илјада лица беа принудени да ги напуштат своите домови.“

Велејќи дека продолжуваат активностите за пребарување и спасување во погоденото подрачје, Мабаса додаде дека во елементарната непогода воедно се повредени стотици лица.

Претседателот на Јужна Африка Сирил Рамафоса поради кататстрофата од поплавите вчера ја прекина својата посета на Египет и се врати во земјата каде што ги посети загрозените лица од поплавите.



Слични вести