Путин: „Русија продолжува со развојот на бродската индустрија“

Развојот на бродската индустрија е значаен како од аспект на интересите на блиските и далечните поморски земји така и од аспект заштитата на поморските граници

1188760
Путин: „Русија продолжува со развојот на бродската индустрија“

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека од 2012 година наваму во руската флота се приклучија три стратешки ракетни подморници и над 80 борбени бродови.

Во говорот на изградбата на два нови борбени бродови во Санкт Петербург претседателот Путин направи проценка на  бродската индустрија во земјата.

Во врска со изградбата на нови бродови постојат низа проекти кои се во фаза на развој рече Путин изразувајќи желба и надеж за што поскора изградба на бродовите. Тоа е значајно како од аспект на интересите на Русија, така и од аспект на интересите на блиските и далечните поморски земји како и заштитата на поморските граници.

Алудирајќи на потребата и значењето на зајакнувањето на поморската флота на Русија Путин рече дека од 2012 година наваму во руската флота се приклучија три стратешки ракетни подморници и над 80 борбени бродови.

Русија ќе продолжи со зајакнувањето на потенцијалот на кадарот, персоналот и научната технологија во бродската индустрија, подвлече Путин.



Слични вести