Бројот на загинатите во вооружените судири во Триполи и околината се искачи на 264 лица

Портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО) Тарик Јашаревиќ истакна дека во вооружените судири во главниот град на Либија, Триполи и околината, од 4 април досега загинаа 264 лица, а 1.266 лица се ранети

1188582
Бројот на загинатите во вооружените судири во Триполи и околината се искачи на 264 лица

Бројот на загинатите во вооружените судири во главниот град на Либија, Триполи и околината, се зголеми на 264 лица.

Портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО) Тарик Јашаревиќ на одржаната прес конференција во канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Женева, истакна дека во вооружените судири кои што се водат по започнатите напади на 4 април на главниот град Триполи од страна на лидерот на вооружените сили во источниот дел на земјата генерал Халифа Хафтар досега загинаа 264 лица, а 1.266 лица се ранети.

Портпаролот Јашаревиќ појасни дека 21 лице од загинатите и 69 лица од ранетите се цивили.

Велејќи дека Обединетите нации (ОН) им помагаат на ранетите во Триполи и околината во нивното лекување, Јашаревиќ напомена дека за доставување на итна помош на областа Светската здравствена организација (СЗО) задолжила своја медицинска екипа составена од експерти.

Јашаревиќ додаде дека исто така вработените на Светската здравствена организација (СЗО) ги посетувале семејствата кои биле принудени на иселување од своите домови и им посветувале внимание на овие луѓе.

Портпаролот на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) Бабар Балоч пак, ја сподели информацијата дека во областа каде што се водат вооружени судири од 4 април досега се принудени на иселување 32 илјади цивили.

Укажувајќи на тоа дека поради судирите на југот на главниот град Триполи се наоѓа под опасност животната безбедност на голем број цивили во областа, Балоч рече: „Продолжува нашата загриженост поради овие судири без притоа да се прават никакви разлики. Ги повикуваме страните за заштита на цивилите и за продолжување на испораката на хуманитарна помош.“  

Портпаролот Бабар Балоч напомена дека поголемиот дел од 32 илјади цивили кои се принудени на иселување се засолнале кај свои роднини и другари и дека останатите цивили престојуваат во кампови во западниот и крајбрежниот дел на главниот град Триполи.

Инаку, водачот на воените сили во источниот дел на Либија генерал Халифа Хафтар на 4 април издаде наредба за заземање на главниот град Триполи, а потоа единиците на Владата на национално единство ја започнаа операцијата „Буркан ал-Гадаб“ (Вулкан на гневот).

Во Либија каде што од 2011 година не може да се реши кризата со легитимитетот, две недели како продолжуваат да се водат судири помеѓу единиците на меѓународно признатата Влада на национално единство и силите лојални на генералот Халифа Хафтар.

 



Слични вести