Бројот на загинатите во терористичките напади во Шри Ланка се зголеми на 310 лица

Портпаролот на полицијата за медиумите Руван Гунасекара истакна дека бројот на загинатите во реализираните бомбашки терористички напади врз цркви и врз хотели во главниот град Коломбо, во неделата, се зголеми на 310 лица

1188287
Бројот на загинатите во терористичките напади во Шри Ланка се зголеми на 310 лица

Бројот на загинатите во терористичките напади во Шри Ланка чија цел беа цркви и хотели за време на празнување на Велигден во оваа земја, се зголеми на 310 лица, а повеќе од 400 лица се ранети.

Според веста на весникот „Дејли Мирор“ кој што се објавува во Шери Ланка повикувајќи се на изјавите на портпаролот на полицијата за медиумите Руван Гунасекара, продолжува да расте бројот на жртвите во реализираните бомбашки терористички напади врз цркви за време на одржување на миси по повод Велигден и врз хотели, во главниот град Коломбо, во неделата.  

Портпаролот Гунасекара истакна дека бројот на загинатите во серијата напади од 290 се зголеми на 310 лица.

Велејќи дека продолжуваат операциите кои што беа започнати по реализираните напади, Гунасекара информира дека досега се фатени близу 40 осомничени лица.

Истиот портпарол додаде дека сите притворени лица се државјани на Шри Ланка.



Слични вести