Билансот на жртвите во нападите во Шри Ланка се зголеми на 321 лице

Портпаролот на полицијата за медиумите Руван Гунасекара истакна дека бројот на загинатите во серијата бомбашки терористички напади врз цркви и хотели во Шри Ланка, во неделата, од 310 се зголеми на 321 лице

1188529
Билансот на жртвите во нападите во Шри Ланка се зголеми на 321 лице

Бројот на загинатите во терористичките напади во Шри Ланка чија цел беа цркви и хотели за време на празнување на Велигден во оваа земја, се зголеми на 321 лице, од кои беше соопштено дека 45 се деца.

Одговорноста за нападите ја презеде терористичката организација ДЕАШ.

Според веста на весникот „Дејли Мирор“ кој што се објавува во Шри Ланка повикувајќи се на изјавите на портпаролот на полицијата за медиумите Руван Гунасекара, продолжува да расте бројот на жртвите во реализираните бомбашки терористички напади врз цркви за време на одржување на миси по повод Велигден и врз хотели, во главниот град Коломбо, во неделата.  

Портпаролот Гунасекара истакна дека бројот на загинатите во серијата напади од 310 се зголеми на 321 лице.

Велејќи дека продолжуваат операциите кои што беа започнати по реализираните напади, Гунасекара информира дека досега се фатени близу 40 осомничени лица.

Истиот портпарол додаде дека сите притворени лица се државјани на Шри Ланка.

Инаку, во неделата за време на одржување на миси по повод христијанскиот верски празник Велигден беа реализирани бомбашки терористички напади врз 3 цркви и тоа Сент Антони во градот Кочхикаде, Сент Себастијан во Катана и Мајка Богородица во Батикалоа, како и на 3 хотели со 5 ѕвездички во главниот град Коломбо и тоа Шангри-Ла, Синамон Гранд и Кингсбури.



Слични вести