23 април Ден на национална жалост во Шри Ланка

Претседателот на Шри Ланка Маитрипала Сирисена 23 април (денеска) го прогласи за Ден на национална жалост во земјата

1188370
23 април Ден на национална жалост во Шри Ланка

Претседателот на Шри Ланка Маитрипала Сирисена, по реализираните терористички напади на 8 одделни места меѓу кои се наоѓаа и цркви и хотели за време на Велигден, 23 април (денеска) го прогласи за Ден на национална жалост во земјата.

Во објавеното соопштение од канцеларијата на претседателот се вели дека претседателот Сирисена ќе се состане со странските дипломати со кои ќе го разгледа прашањето за доставување меѓународна помош.

Во соопштение исто така се напоменува дека се блокирани социјалните медиуми во земјата како што се Фејсбук и Инстаграм и апликацијата ВацАп WhatsAp и дека ова блокирање ќе трае се додека да заврши истрагата која што е започната во врска со терористичките напади. 

Во претходното објавено соопштение од канцеларијата на претседателот на Шри Ланка Маитрипала Сирисена, беше истакнато дека по реализираните терористички напади на армијата и се признати вонредни овластувања по прашањето на пронаоѓањето и фаќањето на осомничените за тероризам.



Слични вести