Во лизгање на земјиштето во Колумбија загинаа 17 лица

Во објавеното писмено соопштение од Унијата на Националната управата за елементарни непогоди и ризик (UNGRD) се истакнува дека активностите за пребарување и спасување во погоденото подрачје продолжуваат и дека досега се извлечени мртвите тела на 17 лица

1187791
Во лизгање на земјиштето во Колумбија загинаа 17 лица

Во лизгањето на земјиштето предизвикано од поројните врнежи од дожд во Колумбија животот го загубија 17 лица.

По поројните дождови во малото градче Росас во управната област Каука во југозападниот дел на Колумбија, дојде до лизгање на земјиштето.

Во објавеното писмено соопштение од Унијата на Националната управата за елементарни непогоди и ризик (UNGRD) се истакнува дека активностите за пребарување и спасување во погоденото подрачје продолжуваат и дека досега се извлечени мртвите тела на 17 лица.

Колумбискиот претседател Иван Дуке кој го посети погоденото подрачје го изрази своето сочувство до семејствата на загинатите во лизгањето на земјиштето. 

Претседателот Дуке направи увид на лице место и на работите кои што се водат од страна на формираниот кризен штаб.



Слични вести