Според излезните анкети на претседателските избори во Украина победи актерот-комичар Зеленски

Според резултатите од  излезните анкети,во вториот круг од претсеадтелските избори кои што се одржаа вчера во Украина победи актерот-комичар Владимир Зеленски со освоени 73,2 отсто од гласовите на бирачите, а Порошенко доби 25,3 отсто гласови

1187551
Според излезните анкети на претседателските избори во Украина победи актерот-комичар Зеленски

На вчерашниот одржан втор круг од претседателските избори во Украина, според резултатите од излезните анкети со убедлива разлика победи актерот-комичар Владимир Зеленски.

Вчера во Украина се одржа вториот круг од претседателските избори во кој се натпреваруваа двајцата кандидати кои во првиот круг освоија најголем број гласови, а тоа беа актуелниот претседател Петро Порошенко и актерот-комичар Владимир Зеленски.

Гласачките места беа затворени приквечер во 20:00 часот по локално време.

Според резултатите од  излезните анкети трката ја доби Зеленски со освоени 73,2 отсто од гласовите на бирачите, а Порошенко освои 25,3 отсто гласови.

Владимир Зеленски во дадената изјава по соопштувањето на резултатите од излезните анкети, рече "Ова го направивме заедно" и им се заблагодари на сите.

Официјалните резултати од претседателските избори во Украина треба да бидат соопштени најдоцна до 1 мај.

Потоа победникот на изборите до крајот на мај треба да положи заклетва, по што и официјално ќе почне да ја извршува функцијата претседател на државата.



Слични вести