Нападот во Шри Ланка извршен од страна на 7 напаѓачи

Од собраните докази од посмртните остатоци на местото на нападите беше утврдено дека се работи за самоубиствени напади

1187756
Нападот во Шри Ланка извршен од страна на 7 напаѓачи

Нападот за Велигден во Шри Ланка врз црквите и хотелите беше извршен од страна на 7 самоубиствени напаѓачи.

Претставник на Институтот за судска медицина на Шри Ланка Аријанда Велианга рече дека врз база на извршените истражувања беше утврдено вчерашните 6 бомбашки напади беа извршени од страна на 7 самоубиствени напаѓачи.

Велианга рече дека од анализите од собраните докази од посмртните остатоци на местото на нападите беше утврдено дека се работи за самоубиствени напади.

Во посмртните остатоци на самоубиствените напаѓачи во хотелот и црквите беа пронајдени остатоци од бомба рече Велинга потенцирајќи дека продолжува истрагата на нападите врз една резиденција во предградието на Коломбо и експлозиите во близината на еден надвозник.

Во вчерашните напади во Шри Ланка загинаа 290, а над 50 0лица беа повредени.



Слични вести