Бројот на загинатите во поплавите во Иран се зголеми на 78 лица

Директорот за односи со јавноста при Управата за управување со кризи на Иран Али Бахтијари истакна дека бројот на загинатите во поплавите предизвикани од поројните врнежи од дожд кои што започнаа во Иран на 31 март, се зголеми на 78 лица

1187883
Бројот на загинатите во поплавите во Иран се зголеми на 78 лица

Бројот на загинатите поради поплавите предизвикани од поројните врнежи од дожд кои што започнаа во Иран на 31 март, се зголеми на 78 лица.

Директорот за односи со јавноста при Управата за управување со кризи на Иран Али Бахтијари во дадената изјава за државните медиуми истакна дека во катастрофата од поплавите од кои што беа зафатени вкупно 235 града и 4.304 села во 25 провинции досега животот го загубија 78 лица, а илјада лица се повредени.

Бахтијари рече дека во поплавите во земјата директно или индиректно се зафатени приближно 10 милиони луѓе, 400 илјади лица се евакуирани од своите родни места, 40 илјади куќи се оштетени и 41 илјада куќи имаат потреба од поправка. 

Од друга страна, се истакнува дека поради силните врнежи од дожд кои што владеат во градот Хирменд во провинцијата Систан-Белуџистан во југоисточниот дел на Иран се испразнети 8 села.

Екипата на турската Црвена полумесечина „Кизилај“ која стапи во акција за доставување помош за загрозените поради поплавите во Иран со посредство на заедничките организации кои што ги реализира со иранската Црвена полумесечина, претходно во областите погодени од елементарната непогода испрати 5 шлепери со хуманитарна помош.

 



Слични вести