По терористичките напади во Шри Ланка е воведен 12 часовен полициски час

Во 8'те реализирани одделни бомбашки терористички напади во главниот град на Шри Ланка, Коломбо, според последни добиени информации загинаа 207 лица меѓу кои се наоѓаа и двајца турски државјани, а над 400 лица се ранети

1187500
По терористичките напади во Шри Ланка е воведен 12 часовен полициски час

Бројот на загинатите во 8'те реализирани одделни бомбашки терористички напади во Шри Ланка се зголеми на 207 лица, а над 400 лица се ранети.

Меѓу загинатите се наоѓаат и двајца турски државјани.

Денеска во утринските часови беа реализирани бомбашки напади во црквите Сан Антони во Кочикаде, Сан Себастијан во Катана и во една црква во Батикалоа и во три хотели со пет ѕвездички во Шанги-Ла, Синамон Гранд и Кингбири во главниот град Коломбо.

По овие шест одделни напади дојде до уште два напади и тоа во близина на зоолошката градина во Дехивала, предградие на главниот град Коломбо и во предградието Дематогода, исто така во главниот град Коломбо.

Според веста на британскиот информативен сервис "ББС" повикувајќи се на полицијата, во бомбашките напади чија цел беа три цркви и три хотели, како и во уште две предградија на главниот град на Шри Ланка, Коломбо, животот го загубија 207 лица, а над 400 лица се ранети.

Министерството за надворешни работи на Шри Ланка истакна дека 27 лица од загинатите во нападите се странски државјани.

Меѓу загинатите во нападите се наоѓаат и двајца турски државјани инженери, Серхан Селчук Наричи и Јигит Али Чавуш.

Од друга страна, беше соопштено дека во реализирана операција на една куќа во Дематогода, предградие на главниот град Коломбо, за фаќање на осомничените лица, животот го загубија и двајца полициски службеници.

Исто така и бројот на притворените лица поврзани со нападите се зголеми на 7 лица.

Најмалку две од реализираните напади се самоубиствени напади и засега никој не ја презеде одговорноста за нападите.

По реализираните напади, во Шри Ланка денеска од 18:00 часот до 06:00 часот утре по локално време, во текот на 12 часа е воведен полициски час, т.ј. забрана за излегување на улица.

Претседателот на Шри Ланка Маитрипала Сирисена истакна дека издал директива силно да се стапи во акција против одговорните за ова компло.

Претседателот Сирисена воедно упати повик до граѓаните да се однесуваат смирено и да не им веруваат на гласините и неоснованите вести.

Премиерот на Шри Ланка Ранил Викремесинге исто така остро ги осуди нападите кои ги окарактеризира како "кукавички" и рече: "Ги повикувам граѓаните на Шри Ланка да бидат сплотени и силни во ова трагично време."



Слични вести