Експлозии во цркви и хотели во Шри Ланка: Има голем број загинати и ранети

Според првични претпоставки во експлозиите до кои дојде во три хотели и три цркви во главниот град на Шри Ланка, Коломбо, животот го загубија најмалку 138, лица а повеќе од 400 лица се ранети

1187261
Експлозии во цркви и хотели во Шри Ланка: Има голем број загинати и ранети

Во експлозии во хотели и цркви во главниот град на Шри Ланка, Коломбо, според првични претпоставки животот го загубија најмалку 138, лица а повеќе од 400 лица се ранети.

Во објавеното соопштение од полицијата на Шри Ланка, во главниот град Коломбо дојде до експлозии во три хотели и три цркви, а во градот Негомбо во една црква.

Медиумите на Шри Ланка соопштуваат дека во експлозиите животот го загубија најмалку 138 лица, а над 400 лица се ранети. 

Според веста на британски „ББС“, експлозиите се случиле во црквите Кочикаде, Негомбо и Батикалоа за време на одржување на Велигденските миси и во хотелите Шанги Ла, Синамон Гранд и Кингбари во главниот град на Шри Ланка, Коломбо.

Засега не е објавено било какво соопштение во врска со причината на експлозиите, меѓутоа се стои на можност од терористички акти.



Слични вести