Макрон го покани папата во посета на Париз

Ватикан, катедралата Нотр Дам ја смета за симбол на христијанството во Франција.

1186372
Макрон го покани папата во посета на Париз

Францускиот претседател Емануел Макрон на телефонскиот разговор со духовниот лидер ма католичкиот свет папата Францискус по повод пожарот што избувна во катедралата Нотр Дам, го покани папата во посета на Париз.

По повод пожарот што избувна во катедралата Нотр Дам, Макрон делегацијата на пожарникарите ја прими во Елисејската палата.

Макрон во врска со телефонскиот разговор со папата рече дека го поканил папата во посета на Париз.

Во обраќањето до пожарникарите Макрон им се заблагодари за ризикот што го презедоа за време на гасењето на пожарот. Бевте пример за Франција и целиот свет кои ве следеа со големо внимание.

Ватикан, катедралата Нотр Дам ја смета за симбол на христијанството во Франција.

Во пожарот што ја зафати катедралата Нотр Дам во понеделникот изгореа кулата висока 93 метри и целосно се сруши кровот.

Во пожарот во чие гаснење учествуваа над 400 пожарникари, благодарение на интензивните активности за гасење беа спасени кулата на камбаната и главната зграда.

Јавниот обвинител на Париз во врска со причините за пожарот рече дека според првите проценки се работи за случајност и нема никакви сомнителни докази за подметнување.

Премиерот Едуард Филипе рече дека за повторна изградба на една од кулите која изгоре во пожарот ќе распишат меѓународен архитектонски конкурс.

Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер рече дека главните компоненти на главната зграда се спасени, но постои голем ризик за сериозно оштетување на внатрешноста.



Слични вести