Во Боцвана пронајден редок син дијамант

Во рудникот Орапа е откриен дијамант од 20 карати, кој е полиран и наречен „Син Окаванго“

Во Боцвана пронајден редок син дијамант

Државната компанија „Окаванго дијамант“ во Боцвана, Јужна Африка, соопшти дека е пронајден најголемиот син дијамант што некогаш е откриен во оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на компанијата се истакнува дека во рудникот Орапа е откриен дијамант од 20 карати, кој е полиран и наречен „Син Окаванго“. 

Исто така се нагласува дека ваков дијамант ретко има во светот, и дека претходно во Боцвана не е откриен дијамант во оваа големина и таков сјај. 

Се очекува дијамантот да биде продаден до крајот на годината.



Слични вести