Силен земјотрес го погоди Тајван

Епицентарот на земјотресот се наоѓа 13 км североисточно од Хуллиан

Силен земјотрес го погоди Тајван

Источниот дел на Тајван го погоди земјотрес со јачина од 6 степени.

Според информациите на Американскиот центар за геолошки истражувања, земјотресот со јачина од 6 степени кој го погоди Тајван, а чиј епицентар се наоѓа 13 км североисточно од Хуллиан, се случи на длабочина од 10 км.

Од друга страна пак, Централната канцеларија за метеоролошки услови на Тајлан соопшти дека јачината на земјотресот изнесуваше 6,1 степен.

Според првични информации, нема податоци за жртви и материјална штета.



Слични вести