Индиската авиокомпанија „Џет ервајс“ соопшти дека привремено ги суспендира сите активности

Компанијата последниот лет го оствари синоќа од Амритсар за Њу Делхи

1185417
Индиската авиокомпанија „Џет ервајс“ соопшти дека привремено ги суспендира сите активности

Индиската авиокомпанија Џет ервајс која се соочува со финансиски тешкотии соопшти дека привремено ги суспендира сите активности.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Џет ервајс беше истакнато дека поради неможноста да се обезбедат потребните и итни средства од банките или други извори, авиокомпанијата не ќе може да ги пружи операциите кои се засноваат на набавувањето на горивото и другите критични услуги. Поради тоа компанијата донесе одлука за привремено суспендирање на операциите.

Компанијата последниот лет го оствари синоќа од Амритсар за Њу Делхи.

Минатиот месец претседателот на Управниот одбор на најголема индиска компанија Џет ервајс Нареш Гојал поднесе оставка.



Слични вести