Заврши гласањето на претседателските и парламентарните избори во Индонезија

Во Индонезија се регистрирани повеќе од 190 милиони бирачи со право на глас на денешните претседателски и парламентарните избори

1184861
Заврши гласањето на претседателските и парламентарните избори во Индонезија

Заврши гласањето на претседателските и парламентарните избори во Индонезија.

Чинот на гласање на регистрираните бирачи со право на глас во гласачките кутии поставени во 80 изборни области во 34 провинции во Индонезија, започна во 07:00 часот, а заврши во 13:00 часот по локално време. 

По затворањето на гласачките кутии се премина на броење на гласовите, додека податоците на фирмите за анкетирање ќе можат да се објавуваат по 15:00 часот по локално време. 

На изборите кои што поминаа во мирна атмосфера и на кои за прв пат на ист ден се одржуваат и претседателските и парламентарните избори, за воспоставување на безбедноста во земјата беа задолжени повеќе од еден милион припадници на безбедносните сили.

Во Индонезија се регистрирани повеќе од 190 милиони бирачи со право на глас и процентот на излезеност на изборите се очекува да изнесува некаде околу 70 отсто.

Трката за претседател на државата се води помеѓу актуелниот претседател и член на Партијата за демократска борба на Индонезија (ПДИ-П) Јоко Видодо и неговиот противник претседателот на главната опозициска партија на Движењето за голема Индонезија (Гериндра) Прабово Субианто.

На парламентарните избори пак, се натпреваруваат повеќе од 245 илјади кандидати за пратеници за Централниот Парламент и за регионалните Парламенти на локалните самоуправи кои што ги опфаќаат провинциите, градовите и населените места, а чиј вкупен број на пратенички места изнесува 20.528.

Од друга страна, поради тоа што во трката за нов претседател на државата учествуваат само двајца кандидати ќе победи оној кандидат кој ќе добие повеќе гласови во првиот круг и ќе нема потреба од одржување на втор круг од изборите.

Политичките партии кои учествуваат на парламентарните избори за да би можеле да бидат претставени во Претставничкиот дом (ДПР) треба да го поминат изборниот праг од 4 отсто.

Официјалните резултати од изборите се очекува да бидат соопштени од страна на Високиот изборен совет (КПУ) на Индонезија најдоцна до 22 мај.



Слични вести