Соборениот претседател на Судан Омар ал-Бешир префрлен во затвор во главниот град Картум

Во веста на суданскиот весник „Ахир Лахза“ повикувајќи се на воени извори, се вели дека соборениот лидер од пансиониот каде што беше во домашен затвор синоќа е префрлен во централниот затвор Кубер во главниот град Картум

Соборениот претседател на Судан Омар ал-Бешир префрлен во затвор во главниот град Картум

Соборениот претседател на Судан Омар ал-Бешир кој се наоѓаше во домашен затвор е префрлен во затворот Кубер во главниот град Картум, познат како најстрог затвор во земјата, со максимална безбедност.

Во веста на суданскиот весник „Ахир Лахза“ повикувајќи се на воени извори, се вели дека соборениот лидер од пансиониот каде што беше во домашен затвор синоќа е префрлен во централниот затвор Кубер во главниот град Картум.

Во веста се истакнува дека Преодниот воен совет на Судан, со тоа што не го предаде поранешниот претседател на Меѓународниот кривичен суд (МКС) го исполни своето ветување дека ќе му се суди достоинствено во сопствената земја.

Воени извори информираат дека Омар ал-Бешир е префрлен во затвор под надзор на Преодниот воен совет и под строги безбедносни мерки, додека од Советот засега не е објавено било какво соопштение по ова прашање.

Од друга страна, според вестите објавени во локалниот печат претседателот на Парламентот на Судан Ибрахим Ахмед Омар бил притворен на меѓународниот аеродром во Картум, на враќање од Катар.  

 



Слични вести