Организацијата за исламска соработка и Ал Азхар изразија длабоко жалење поради пожарот во Нотр Дам

Генералниот секретар на Организацијата за исламска соработка (ОИС) Јусуф бин Ахмед ал-Усејмин и шеикот на Ал Азхар Ахмед ал-Тајиб изразија длабоко жалење поради пожарот во катедралата Нотр Дам во Париз

Организацијата за исламска соработка и Ал Азхар изразија длабоко жалење поради пожарот во Нотр Дам

Организацијата за исламска соработка (ОИС) и институцијата Ал Азхар го изразија своето длабоко жалење поради пожарот во катедралата Нотр Дам во францускиот главен град Париз.

Генералниот секретар на Организацијата за исламска соработка (ОИС) Јусуф бин Ахмед ал-Усејмин во објавеното писмено соопштение истакна дека чувствува длабоко жалење поради делумното оштетување на катедралата Нотр Дам поради пожарот што избувна прексиноќа.

Усејмин истакна дека ги споделуваат болките на француската влада, францускиот народ и на сите христијани, поради оштетувањето во пожарот што се појави во катедралата Нотр Дам, која инаку се наоѓа меѓу најзначајните туристички места на Франција и воедно е внесена и во Списокот на светското наследство на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО).

Врховниот имам на најголемиот и највлијателниот исламски университет во светот Ал Азхар шеикот Ахмед ал-Тајиб исто така истакна дека чувствува длабоко жалење поради пожарот во катедралата и рече. „Нашите срца се заедно со нашите браќа во Париз.“



Слични вести