ЕУ ја осуди одлуката на САД за преземање на нови законски мерки против Куба

Амбасадорот на ЕУ во Куба Алберто Наваро Гонзалез истакна дека ја осудуваат донесената одлука од страна на САД за преземање на нови законски мерки против Куба и компаниите кои работат во Куба

1184797
ЕУ ја осуди одлуката на САД за преземање на нови законски мерки против Куба

Европската унија (ЕУ) ја осуди одлуката на Соединетите Американски Држави (САД) за преземање на нови законски мерки против Куба и компаниите кои работат во Куба.

Амбасадорот на ЕУ во Куба Алберто Наваро Гонзалез истакна дека ја осудуваат донесената одлука од страна на САД за преземање на нови законски мерки против Куба и компаниите кои работат во Куба.

Амбасадорот Гонзалез на одржаната прес конференција потсети дека ваквата одлука на управата во Вашингтон ќе доведе до поголема збунетост во главите за странските инвестирања кои што помагаат во зголемувањето на просперитетот во Куба и создавањето на нови можности за вработување во оваа земја.

Амбасадорот на ЕУ во Куба Алберто Наваро Гонзалез рече: „Ја осудуваме оваа одлука и длабоко жалиме поради тоа.“

Инаку, еден висок функционер на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека Вашингтон ќе донесе нови казнени мерки против Куба, Венецуела и Никарагва.

Согласно донесената одлука, се предвидува да се покрене судска постапка против компаниите или фирмите кои ја искористуваат конфискацијата на американските фирми по револуцијата во Куба во 1959 година. 

 

 



Слични вести