Претседателот на Европската комисија Јункер: Брегзит не може и нема да го спречи нашиот развој

Претседателот на Комисијата на Европската унија (ЕУ) Жан-Клод Јункер рече: „Иднината на Европската унија (ЕУ) не е Брегзит. Брегзит не може и нема да го спречи нашиот развој.“

1184594
Претседателот на Европската комисија Јункер: Брегзит не може и нема да го спречи нашиот развој

Претседателот на Комисијата на Европската унија (ЕУ) Жан-Клод Јункер говореше пред Генералното Собрание на Европскиот парламент (ЕП) што се одржа во францускиот град Стразбур.

Привлекувајќи внимание кон тоа дека Велика Британија се додека продолжува да е членка на Европската унија (ЕУ) треба да се однесува конструктивно и одговорно, Јункер потсети дека останатите 27 земји членки располагаат со право значајните прашања за Унијата да ги разгледат и без Велика Британија. 

Јункер рече: „Иднината на Европската унија (ЕУ) не е Брегзит. Брегзит не може и нема да го спречи нашиот развој.“

Тој напомена дека Европската унија (ЕУ) треба да се фокусира на значајни прашања како што се буџетот, меѓународната трговија и изборите за Европскиот парламент (ЕП). 

„Иднината на нашата Унија ќе ја определат трговските договори и меѓународните партнерства и односи.“ - рече Јункер.

Претседателот на Советот на Европската унија (ЕУ) Доналд Туск пак, потсети дека земјите на ЕУ на минатонеделниот самит се договорија за флексибилно одложување на Брегзит до 31 октомври и истакна дека овој рок ќе и обезбеди доволно време и политички простор на Велика Британија за да изнајде решение за состојбата до која е дојдено.

Туск рече: „Советот на Европската унија очекува јасен одговор од Велика Британија во однос на тоа каков чекор ќе се фрли во иднина.“



Слични вести