Пораки со солидарност од светските лидери поради трагичниот пожар во катедралата Нотр Дам во Париз

Од страна на голем број светски лидери пристигнаа пораки со поддрша и солидарност со Франција и францускиот народ поради трагичниот пожар во историската катедрала Нотр Дам во Париз

1184296
Пораки со солидарност од светските лидери поради трагичниот пожар во катедралата Нотр Дам во Париз

Во врска со трагичниот пожар што се појави во историската катедрала Нотр Дам во главниот град на Франција, Париз, пристигнаа пораки со поддршка и солидарност од страна на голем број земји ширум светот.

Шпанскиот премиер Педро Санчез во објавата што ја сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер напиша: „Пожарот во Нотр Дам претставува катастрофа за Франција, а и за Шпанија и Европа. Пламенот ја срамнува со земјата 850 годишната историска и архитектонска градба. Ќе биде тешко да се заборави тоа. Франција може да смета на нас во спасувањето на ова големо богатство.“ 

Италијанскиот премиер Џузепе Конте исто така во својата порака што ја сподели на Твитер на француски напиша: „Рушење на срцето за Французите, и за сите нас како Европејци.“

Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека чувствува длабоко жалење поради случувањата во Париз и рече: „Нашите мисли се со нашите Француски пријатели.“

Австрискиот претседател Алексадер Ван дер Белен во соопштението кое што го објави на Твитер истакна: „Застрашувачки и вознемирувачки слики од Париз. Гори раскошната катедрала Нотр Дам. Нашите мисли се со Париз.“

Британската премиерка Тереза Меј во објавата споделена на својата официјална сметка на Твитер ја изнесе својата поддршка на оние кои водат борба против огнената стихија.

Претседателот на Советот на Европската унија (ЕУ) Доналд Туск во пораката на својата сметка преку социјалната медија напиша: „Денеска сите сме со Париз.“

Претседателот на Комисијата на Европската унија (ЕУ) Жан-Клод Јункер истакна дека минута по минута ја следи состојбата во пожарот во Нотр Дам и рече: „Колку страотен момент. Ги споделувам истите чувства со целиот француски народ.“

Претседателот на Европскиот парламент (ЕП) Антонио Тајани исто така им посака храброст на оние кои водат борба против огнената стихија.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во споделената порака нагласи дека чувствува жалење поради пожарот и ги употреби следните изрази: „Нашите мислења се со оние кои се обидуваат да го спасат овој голем симбол на Европа и со францускиот народ.“

Во објавеното соопштение од Ватикан се истакнува дека пожарот во катедралата Нотр Дам е дочекан со голем шок и големо жалење и дека се читаат молитви за пожарникарите кои водат борба против оваа состојба.

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата сметка на Твитер ја сподели пораката „Страотно е да се следи џиновскиот пожар во катедралата Нотр Дам во Париз. Можеби за гаснење на пожарот можеа да се користат летечки танкери со вода. Треба да се делува брзо.“

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф исто така во соопштението кое што го сподели на својата сметка на Твитер напиша: „Жалиме поради делумното оштетување на Нотр Дам која што им оддолеа на војните и револуцијата во текот на 800 години. Нашите мисли се со Французите и со сите Католици.“



Слични вести